Путин и Си разговарале и за состојбата во Украина и решавањето на конфликтот на Блискиот Исток, со потврда за продолжување на билатералните контакти, кажа Ушаков. Го истакна зголемувањето на трговската размена на Русија и Кина која минатата година ја надминала вредноста од 200 милијарди долари. Кажа и дека двете земји ќе продолжат да работат на развојот на заедничките енергетски проекти и покрај западните санкции.
Кина е првиот трговски партнер на Русија. Според кинеските медиуми, Си истакнал дека Русија и Кина мора блиско да соработуваат во заштитата на националната безбедност и решително да се спротивстават на надворешното мешање во внатрешните работи. Кина и Русија редовно го осудуваат мешањето на западните земји во работите на двете земји.
„Двете страни треба да спроведуваат блиска стратегиска соработка за да го заштитат својот национален суверенитет, безбедносните и развојните интереси и мора решително да се спротивстават на мешањето на странските сили во внатрешните работи“, кажал Си.
„Кина е спремна заедно со Русија да работи на зајакнување на мултилатералната, меѓународна соработка, на примена на вистинскиот мултилатерализам и одбраната на праведниот и уреден мултиполарен свет“, кажал Си во телефонскиот разговор со Путин.