петок, 24 јануари 2025

Путин го одобри буџетот, одвои рекордна сума за одбранбениот сектор: Повеќе од 145 милијарди долари за армијата

Рускиот претседател Владимир Путин го одобри предложениот буџет со кој идната година ќе се зголемат воените трошоци на рекордно ниво.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

За одбранбениот сектор во 2025 година ќе бидат издвоени 13,5 трилиони рубљи (повеќе од 145 милијарди долари), или околу 32,5 отсто од буџетот, објавено е денеска на веб-страницата на Владата.

Тоа е значително зголемување во однос на овогодинешните 28,3 отсто од воениот буџет.

Пратениците на двата дома на рускиот парламент веќе го одобрија предлогот во изминатите 10 дена.

Војната на Русија против Украина, која започна во февруари 2022 година, е најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна и ги исцрпи ресурсите на двете страни.

Киев добива милијарди долари помош од своите западни сојузници, но руските сили се поголеми и подобро опремени, во последните месеци руската армија постепено ја потиснува украинската војска во источните области.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ