вторник, 8 октомври 2024

Путин: Доколку Западот ѝ даде дозвола на Украина да ја напаѓа Русија, тоа значи дека НАТО е во војна со Русија

Директното учество на западните земји во конфликтот во Украина ја менува својата суштина и Русија ќе биде принудена да носи одлуки врз основа на така создадените закани, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа ќе значи дека земјите на НАТО, САД и европските земји се во војна со Русија. Ако тоа се случи, тогаш, земајќи ја предвид променетата природа на конфликтот, ќе донесеме соодветни одлуки врз основа на заканите што ќе се создадат“, рече Путин, пренесува ТАСС.

Претходно, светските медиуми објавија дека американскиот претседател Џозеф Бајден е под голем притисок од републиканците и демократите да ги олесни ограничувањата за тоа како Украина може да го користи оружјето што САД им го дале во војната против Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ