Топ-тема во шпанските весници е ладното однесување на Роналдо на дуелот со Гранада (5-1), особено по неговиот гол во 89. минута, кој не го прослави. Роналдо од дербито со Барселона е на тапет кај дел навивачи поради своето лошо издание, кое кулминира по дуелот со Малага во Купот и првиот дел со Гранада.
„Од дуелот со Барса, дел навивачи ги критикуваат изданијата на Роналдо и тоа нему не му се допаѓа. Но да дадеш гол е колективен успех на целиот тим. Приказ на добро завршена работа. Ако на Кристијано не му се допаѓа како навивачите се однесуваат со него, го избрал најлошиот потег за да војува со нив. Над сѐ, секој гол е гол на Реал Мадрид, и тоа гол на целиот тим“, напиша тиражната Марка.
Роналдо откако дојде во Реал Мадрид, освои само еден куп, но затоа се изнадава голови, со кои стигна и до златната копачка. Сезонава има скор од 21 гол на 18 меча, или вкупно 26 за „кралевите“. Очигледно е дека обновувањето на љубовта ќе зависи најмногу од головите против Барселона и прекинувањето на доминацијата на Каталонците.