петок, 4 октомври 2024

Пуцко петрол нема да гради бензинска, Уставниот суд го укина ДУП-от на Карпош

Објавено на

часот

Сподели

„Од утврдената фактичка состојба и обемната документација која се анализираше, Судот утврди дека  ДУП-от е неусогласен со ГУП-от бидејќи се предвидува изградба на бензинска пумпа која е објект со класа на намена Е, на место кое што е планирано за зеленило и изградба на објекти со класа на намена А и Б, односно објекти за домување и делумно комерцијални објекти. Поконкретно просторот каде се планира изградбата на бензинска пума е означен како коридор низ кој минува топловодна, гасоводна, фекална и водоводна инфраструктура. Уставниот суд оцени дека со вака донесената одлука на општина Карпош се повредува начелото на владеење на правото, унапредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата, предвидени во Уставот, но исто така е направена и повреда на членот 4 од Законот за урбанистичко планирање, бидејќи донесениот ДУП, не е во согласност со ГУП“, велат од Уставниот суд.

Одлуката  е донесена на 3 април годинава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ