Обвинението е затворено, а во моментов не е познато за кое дело е обвинет Адамс, но познато е дека истрагата делумно е насочена на наводите дека Адамс и неговиот тим за кампањата наводно примале нелегални донации од владата на Турција.
Кога ќе биде објавено обвинението, ќе биде тоа првиот случај против некој градоначалник на Њујорк да биде поднесено обвинение додека е уште на функција.
Адамс синоќа порача дека не направил ништо лоши, додавајќи дека, доколку обвинението против него биде поднесено, ќе се бори „со сета сила и дух“.
„Секогаш знаев дека, ако се заземам за њујорчаните, ќе станам мета, и тоа се случи“, кажа Адамс.
Њујорк тајмс наведува дека против одделни соработници на Адамс биле водени посебни истраги, кои вклучувале претреси и заплени во њујоршката градска зграда.
Њујоршкиот весник наведува дека обвинението, кога ќе биде поднесено, ќе претставува голем пресврт за Адамс, поранешен државен сенатор и претседател на општината Бруклин кој стапи на функција за време на пандемијата и во ек на проблемите со засилениот прилив на мигранти во Њујорк.
Истрагата наводно опфаќа и наводно влијание кое Адамс го имал врз пожарникарската служба на Њујорк да потпише изградба на зграда на турскиот конзулат, иако проектот имал безбендосни проблеми.