„Вчера во 17.30 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Г.А.(48) и У.И.(54) двајцата од с.Форино, гостиварско. При преглед во патничко возило марка фолксваген фокс со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Г.А., а сопатник бил У.И., бил пронајден кокаин.
Подоцна, во 23.50 часот, со судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле претрес во домот на У.И. во с.Форино, при што биле пронајдени кокаин и дигитална вага. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информира СВР Тетово.