Златниот медал во оваа трка го освои Беатрис Чебет, и тука нема никакви дилеми. Проблем настана со сребрениот медал.
Како второпласирана заврши Фејт Кипјегон од Кенија, но по трката беше дисквалификувана поради намерно удирање на Тсегај.
Но, официјалните лица од Светската атлетика подоцна утврдија и донесоа одлука да ѝ го вратат второто место на Кипјегон откако беше заклучено дека Тсегај била таа која ја нагазила кениската атлетичарка.
Среброто и беше вратено на Кипјегон, бронзата заврши на градите на Сифан Хасан, а медал „загуби“ Италијанката Надија Батоклети која беше третопласирана со дисквалификациите на Кипјегон.
Here is the shove in question involving Faith Kipyegon and Gudaf Tsegay… pic.twitter.com/6C1qGijDh6
— Chris Chavez (@ChrisChavez) August 5, 2024