Претседателката во разговор со раководството на Агенцијата се запозна со оперативните, аналитичките, техничките и кадровските капацитети и можностите за нивно понатамошно унапредување. Се разговараше и за 30-годишнината од донесувањето на првиот закон за Агенција за разузнавање, што соодветно ќе биде одбележана во март годинава, соопшти АР.
Прва посета на Сиљановска-Давкова на Агенцијата за разузнавање, се разговараше за безбедносните закани и ризици
Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова оствари прва работна посета на Агенцијата за разузнавање. На Сиљановска-Давкова ѝ беше претставен Годишниот извештај за работата на Агенцијата за 2024 година како и тековните и среднорочните регионални и национални безбедносни закани, ризици и предизвици.

Објавено на
часот