„Денеска ќе биде последен ден за собирањето потписи кое почне пред една недела. Во текот на вчерашниот ден добивме цврста гаранција од градоначалникот Јанчев дека утре потписите ќе бидат примени во општината и дека сагата околу регионалниот центар за собирање на отпадни гуми на територија на општина Кавадарци ќе биде завршена работа, дека ќе се почитува гласот на народот. Сакаме да се заблагодариме на сите на високата демократичност и култура која се покажа во оваа граѓанска петиција, фала на сите кои помогнаа ова да успее и да продолжиме да живееме заедно и сложно во нашето убаво и мило Кавадарци, да се бориме за подобро, почисто, поурбано Кавадарци за нас и идните генерации кавадарчани“, подвлече Бошковски.
Тој додаде дека кавадарчани сплотено застанаа против најавената Г-1 индустрија од страна на заинтересиран инвеститор и нагласи дека секогаш вака ќе реагираат, на намери да се инвестира во такви објекти.