Спасувачите од италијанската крајбрежна стража се обидуваат да стигнат до третиот преживеан, неколку часа откако успеале да спасат јужнокорејска двојка што била на меден месец.
Тројца се потврдени мртви, а околу 40 сè уште се водат како исчезнати.
Капетанот на Костаконкордиа синоќа беше уапсен под обвинение за повеќекратно убиство. Властите го обвинуваат дека го напуштил бродот пред да заврши евакуацијата.
Бродот се насука откако удрил во подводна карпа. Фирмата „Коста Крочиере“, во чија сопственост е бродот, изјави дека карпата не била обележана на ниту една мапа.
Патниците изјавија дека воопшто не им била одржана обука за евакуација. Таа била закажана за денес во 17.