Настанот бил пријавен вчера во 14:29 часот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.
Претходно, во СВР – Скопје, пријавено било дека околу осум часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево, пронајден бил починат скопјанецот Д.С., на возраст од 56 години.
Лекар од Итна медицинска помош и во овој случај констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.