вторник, 8 октомври 2024

Пронајден бегалец од затвор, осуден на седум и пол години

МВР информира дека е пронајден затвореник кој бил избеган од затвор, а имал да одлежи уште повеќе од четири години затвор.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска  во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен С.Б. (30) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од МВР, а по наредба од КПУ Идризово поради бегство од затворот. С.Б. е осуден на казна затвор од седум години и шест месеци поради сторено кривично дело по член 215 ст. 1 од КЗ, а за доиздржување има четири години, три месеци и 12 дена. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа“, информираат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ