На промоцијата на новоформираниот Центар со тема: Комората со нова алатка за поддршка на развојот на микро, малите и средни претпријатија, ќе говорат извршниот директор на Комората, Антони Пешев и претседателката на Центарот, Габриела Кулебанова.
„Улогата на микро, малите и средни претпријатија (ММСП) претставуваат значаен и витален дел на економијата во земјата, со доминантно учество од 99,6 проценти од вкупниот број активни деловни субјекти во државата, и најголеми работодавачи, обезбедувајќи околу 70 отсто од вкупниот број на вработени лица. Од друга страна, учеството на ММСП во додадената вредност е со многу помал процент во вкупната додадена вредност споредено со големите компании. Ова претставува и клучен предизвик како да им се помогне да остварат раст и да придонесуваат во поголема мера кон националната вработеност и да креираат додадена вредност“, наведуваат од Комората.
Промоцијата ќе се одржи во просториите на Стопанската комора на Македонија.