Адвокатот Бени Таи беше осуден на 10 години затвор, што е најдолгата казна досега изречена според законот од 2020 година, кој беше донесен една година по масовните продемократски протести во Хонг Конг.
Активистите беа прогласени за виновни за организирање неофицијални прелиминарни избори за опозициските кандидати на парламентарните избори, со надеж дека ќе освојат мнозинство во локалното собрание, ќе стават вето на буџетите и потенцијално ќе ја принудат на оставка тогашната пропекингшка лидерка на Хонг Конг, Кери Лам.
И покрај предупредувањата на властите, 610.000 луѓе гласаа на тие прелиминарни избори, што е речиси една седмина од гласачкото тело на Хонг Конг.
Властите на крајот се откажаа од собраниските избори и Пекинг воспостави нов политички систем кој строго ги контролира избраните функционери во Хонг Конг.
Во 2021 година, 47 лица беа уапсени, а потоа обвинети. Двајца обвинети беа ослободени во мај, откако судиите одлучија дека „не се сигурни во нивната намера да го поткопаат системот“.
Во денешното решение судиите наведоа дека обвинетите ќе предизвикале „уставна криза“ доколку продолжиле со својот план, а 45 од нив се прогласени за виновни за заговор и субверзија.
Осудените политичари и активисти кои се сметаат за организатори на групата беа осудени на затворски казни од три месеци до седум години.