Најстариот автомобил на светот, „1884 де дион бутон е трепадро до-а-до стим ранабаут“, минатата недела е продаден за 4,62 милиони долари на аукција одржана во Пенсилванија. Почетната цена на 128-годишниот автомобил, кој работи на пареа, била 2,5 милиони долари.
Максималната брзина на овој автомобил била 38 км на час. Можел да помине 32 километри благодарение на резервоарот со вода, а потоа моторниот бојлер требало да се загрева 45 минути.
Ова е првиот семеен автомобил, со четири седишта, и прв автомобил што учествувал на трка одржана во Франција на 28 април 1887 година.