Како што се наведува во соопштението од МВР, на 8 август оштетениот, 39 годишно лице во Министерство за внатрешни работи пријавил дека подолг временски период Д.М. со закани се обидувал од него да изнуди непостоечки долг во висина од 16.500 евра во име на трето лице. Според пријавата оштетениот на 11 август во кафе бар во Скопје требало да му ја даде првата рата, односно 7.000 евра.
По добиени насоки од Основното јавно обвинителство Скопје, извршена е крим техничка обработка на паричните средства при што вчера, при предавање на наводниот долг од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција лицето е лишено од слобода и кај него се пронајдени обележаните 7.000 евра. По добиена наредба од Основен суд Скопје извршени се претреси во домот и други простории на осомничениот.
Против Д.М. е поднесена кривична пријава поради сомневање за сторено кривично дело „измама”. Од страна на судија за претходна подтапка на лицето му се одредени мерки за претпазливост, соопшти полицијата.