Вчера околу 9 часот тој запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели. Г.К. бил затекнат од полициски службеници при гаснење на пожарот и во службен разговор го признал делото.
Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема. Увид бил извршен, а лицето било приведено во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.