четврток, 12 декември 2024

Приведени двајца бегалци од затвор

Во два засебни случаи полицијата во последното деноноќие приведе двајца бегалци од затвор.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ф.Ј. од Радовиш, кој бил баран со потерница поради бегство од затвор Куманово.
„Ф.Ј. е осуден на затворска казна во траење од пет години и 10 месеци за сторени кривични дела тешка кражба, загрозување на безбедноста во сообраќајот и напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста, а имал за доиздржување две години, четири месеци и 22 дена. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа затвор Куманово за доиздржување на казната“, се наведува во билтенот на МВР.
Исто така, денеска полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ф.Ш. од село Зрновци, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Куманово.
„Ф.Ш. е осуден на затворска казна во траење од две години и пет месеци за сторено кривично дело фалсификување исправа“, а имал за доиздржување шест месеци и 22 дена. Бегалецот бил спроведен во Казнено-поправната установа затвор Куманово за доиздржување на казната“, информираа од МВР.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ