„Вчера во 17 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода П.П., затоа што во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга“, појаснуваат од СВР – Велес.
По документирање на настанот, како што додаваат од СВР – Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Оттаму информираат и дека синоќа во 21:50 часот во ОВР – Кавадарци, Д.Г., 66-годишен кавадарчанец, пријавил дека на булеварот Моша Пијаде во градот, бил каснат од куче скитник.