Германскиот турист бил приведен во Охрид бидејќи се упатил кон објект во сопственост на државен орган, известува Министерството за внатрешни работи. Тој, пливајќи покрај брегот на езерото, излегол од водата и неовластено се упатил кон објект сопственост на државен орган.
По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.