сабота, 23 ноември 2024

Приватната американска мисија на Месечината наиде на проблеми (ВИДЕО)

Американската приватна мисија на Месечината, лансирана денеска, наиде на технички проблеми.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Компанијата Астроботик зад проектот вели дека нејзиното вселенско летало Перегрин претрпело „аномалија“ што го спречила стабилно да ги насочува своите соларни панели кон Сонцето.

Без можност за полнење на батериите и одржување на напојувањето, мисијата нема да може да продолжи.

Астроботик рече дека инженерите работеле на проблемот и ќе дадат нови информации кога ќе има.

Лендерот тежок 1,2 тони беше лансиран од Кејп Канаверал, Флорида, со ракета Вулкан.

Целта е да стане првата американска мисија по половина век што ќе изврши меко слетување на Месечината – прв комерцијален потфат што го сторил тоа.

Американската вселенска агенција купила капацитет на лендерот за пет инструменти за проучување на лунарната средина пред да испрати астронаути подоцна оваа деценија, вели Би-би-си.

Астроботик седум часа по полетувањето соопшти дека изгледа дека сè оди добро: воспоставена е комуникација со Перегрин и сите негови системи биле напојувани и функционирале како што било предвидено.

„За жал, тогаш се случи аномалија, што го спречи Астроботик да постигне стабилна ориентација кон Сонцето. Тимот реагира во реално време како што се развива ситуацијата и ќе обезбедува ажурирања додека се добиваат и се анализираат повеќе податоци“, се вели во соопштението на компанијата.

Не е невообичаено вселенските летала да искусат технички проблеми, а инженерите на Астроботик многу пати вежбале како да реагираат на различни сценарија со дефекти. Самиот вселенски брод, исто така, е програмиран да се заштити за време на такви настани, давајќи им приоритет на енергијата и комуникациите со Земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ