Турбо ГТ е најмоќниот тајкан кој Порше некогаш го направил, а ако го сметате и овербустот од неколку секунди, тоа е најмоќното сериско порше на сите времиња.
Стандардно произведува 789 коњски сили (580 киловати). Кога е активиран лонч контролот, силата се качува на 1.033 коњски сили (760 киловати), додека максималните 1.108 коњски сили (815 киловати) се достапни во краток временски интервал од 2 секунди. Со тоа, максималниот достапен вртежен момент изнесува 1.340 њутнметри.
Како што објави Порше, новиот тајкан тубо ГТ забрзува од 0-100 км/ч за 2,3 секунди, или за 2,2 секунди со опцискиот Вајзах пакет.
За спринт од 0-200 км/ч се потребни 6,6 односно 6,4 секунди, додека максималната брзина е 306 км/ч.
Нова причина за радување е „атак моуд“ кој отклучува дополнителни 163 коњски сили (120 киловати) во траење од 10 секунди, што е функција инспирирана од Формула Е.
Иако стандардниот тајкан веќе ја имаше функцијата „пуш-ту-пас“, „атак моуд“ нуди значително подобрување и полесен е за активирање и деактивирање со помош на рачка на воланот.
Цената на порше тајкан турбо ГТ во Германија почнува од 240.000 евра.
Тајкан турбо ГТ веќе се проба на Нирбургринг. Имајќи го предвид фасцинантниот резултат, Порше го откри времето кое го постигна автомобилот на патеката и пред официјалната премиера на моделот.
Автомобилот постигна импресивен резултат од 7:07,55 минути, што е значително подобро од најдоброто време на неговиот најголем ривал, тесла модел С плејд – 7:25,23 минути.