сабота, 30 ноември 2024

Пристигна фиат тополино – електрична замена за скутер на четири тркала (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Новото возило е на истата платформа како ситроен ами и затоа се смета за квадрицикл. Тоа значи дека е дизајниран како алтернатива на скутер за возачите кои се движат само низ град, а не како вистински автомобил.

Со само две седишта, две (опциски) врати, и должина од 2,5 метри, тополино е електрично возило дизајнирано да ги победи суперавтомобилите. Максималната брзина му е лимитирана на само 45 км/ч, но неговиот шарм лежи на друго место.

Бидејќи е малечок, нема голема батерија, нуди само 5,4 киловат часови. Тоа е доволно за возење околу 75 километри, а времето на полнење е четири час. Фиат тврди дека тоа е доволно за возење низ град, или до локалната плажа.

И тоа е главниот фокус на тополино, чие име е инспирирано од прекарот на оригиналниот фиат 500, а дизајнот личи на моделот 500 жоли. Возачите кои живеат во потоплите делови може да го одберат моделот кој доаѓа со плетени јажиња наместо врати, и со покрив од ткаенина кој лесно се собира со што се добива совршено летно возило.

Иако додатоците се ограничени (тополино ќе се продава исклучиво во бојата што ја носи на фотографиите), тие се сè само не обични. За да одговара на летниот дух на моделот без врати, соодветно наречен тополино долчевита, Фиат на купувачите ќе им нуди туш со кој ќе можат да ја измијат солената вода од себе по денот поминат на плажа.

Покрај тоа, ќе може да се купат соодветна торба за сите потребни нешта која се закажува на задниот багажник. Вентилатор со УСБ приклучок, блутут звучник, термос, и две прекривки за седиштата кои може да се користат како крпи по туширањето исто така ќе бидат во понудата.

Иако бојата е само една, ќе се нудат лепенки за персонализирање на возилото, како бели летни, или имитација на дрво.

Моделот би требало да почне да се продава во Италија на крајот на годината, но цените сè уште не се објавени. Фиат најави дека цената ќе биде отприлика колку месечниот трошок за јавен транспорт.

тополино

тополино

тополино

тополино

тополино

тополино

тополино

тополино

тополино

тополино

тополино

тополино

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ