вторник, 8 октомври 2024

Пригожин наводно идентификуван по дел од прстот што му недостига

Објавено на

часот

Сподели

Иако сè уште немаме добиено официјална информација, руските медиуми наведуваат дека е постигнат одреден напредок во истрагата, објави Ал џезира за истрагата за падот на авионот во кој во средата наводно бил лидерот на платеничката група Вагнер, Јевгениј Пригожин.

„Од известувањето на руските медиуми дознавме уште неколку работи. Една од нив е дека двајца истражители се заинтересирани за пилотот на Пригожин. Значи, не приватниот пилот што управувал со леталото за време на последниот лет, туку неговиот вообичаен пилот Артјом Стјепанов, кој наводно на некој начин бил поврзан со компанијата што го поседува авионот. Според неговиот брат, кој го контактирале медиумите, тој моментално е недостапен, но се согласува во блиска иднина да дојде во Москва за да разговара со истражителите“, јавил дописникот на Ал џезира.

„Втората вест што ја добивме од руските медиуми, за која нема официјална потврда, се однесува на идентификацијата на телото на Пригожин и неговата десна рака Димитри Уткин. Наводно, Пригожин бил идентификуван по дел од прстот на левата рака што му недостига, додека Уткин бил идентификуван по тетоважа. Тоа не е официјална потврда по обдукција или ДНК-анализа, но може да се каже дека се работи за своевидна прелиминарна, визуелна идентификација, додека се недостапни роднините на Пригожин. Тоа е последната вест што ја имаме. Секако, официјална потврда на идентификацијата е можна само по обдукцијата“, јавува репортерот на Ал џезира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ