При претрес во Дебреше пронајдени дрога, пушка, муниција…
Синоќа на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода Џ.З. (29) од гостиварско Дебреше. При претрес во домот и помошни простории во Дебреше, каде што живее со нејзиниот сопруг Д.Н. (29) од Дебреше, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, саксија со засадено стебло од канабис, кутија со семки од растението канабис, две дигитални ваги, една пушка, 144 парчиња муниција и пари.
Објавено на
часот