четврток, 13 февруари 2025

Претседателот на Панама му порача на Трамп дека каналот ѝ припаѓа и ќе продолжи да ѝ припаѓа на Панама

Претседателот на Панама Хозе Раул Мулино порача денес дека Панамскиот канал ѝ припаѓа на Панама и дека така ќе остане, како одговор на американскиот претседател Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Каналот ѝ припаѓа и ќе продолжи да ѝ припаѓа на Панама“, му порача Мулино на Трамп, кој по давањето заклетва вети дека ќе ја „врати“ контролата над Панамскиот канал.

„Морам целосно да ги отфрлам изјавите на претседателот Доналд Трамп. Каналот ѝ припаѓа и ќе продолжи да ѝ припаѓа на Панама“, порача Мулино на социјалната мрежа Икс.

Трамп во инаугурацискиот говор кажа дека Соединетите Американски Држави „ќе го вратат“ Панамскиот канал. „Целта на нашиот договор и духот на нашиот договор се целосно прекршени“, оцени Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ