среда, 9 октомври 2024

Претседателот на Коморските Острови нападнат со нож

Властите на Коморските острови соопштија дека претседателот Азали Асумани бил ранет во напад со нож.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Фала му на Бога, неговиот живот не е во опасност“, изјави портпаролката на владата на Коморските острови, пренесува Би-би-си.

Тој беше нападнат со нож додека присуствуваше на погреб во близина на главниот град Морони, но беше само „полесно повреден“ и оттогаш се врати дома, изјави портпаролката Фатима Ахамада за Ројтерс.

Таа додаде дека напаѓачот е уапсен.

Мотивот за нападот сѐ уште не е јасен.

Идентитетот на напаѓачот не е јавно потврден, но повеќе информации укажуваат дека станува збор за млад полицаец.

Претседателот Азали за прв пат дојде на власт преку воен удар во 1999 година.

По една деценија надвор од функцијата, тој победи на спорните избори во 2016 година и беше реизбран минатиот јануари.

Гласањето беше нарушено со наводи за манипулирање на гласачките ливчиња и проследено со дводневни смртоносни протести.

Азали беше обвинет за растечки авторитаризам.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ