среда, 9 октомври 2024

Претседателката на Молдавија бара воена поддршка и оружје од Западот за одбрана (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Молдавија, која се граничи со Русија и Украина, постојано беше изложена на хибридни напади на Русија и други обиди за дестабилизација на земјата“, изјави Санду за новинарите во понеделникот за време на посетата на романската престолнина.

Санду посочи дека Молдавија исто така бара оружје и воена поддршка од Западот. „Да, треба да ги подобриме нашите одбранбени способности и, да, ни треба помош за тоа и, да, разговараме за тоа со нашите партнери“, рече Санду.

Молдавската лидерка отпатува за Букурешт за да се состане со германскиот канцелар Олаф Шолц и со романскиот претседател Клаус Јоханис. Шолц и Јоханис неколку пати нагласија дека Западот, меѓу другото, и економски ќе ја поддржи Молдавија.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ