сабота, 14 декември 2024

Претреси во Тетово, гостиварско, дојранско, полицијата заплени кокаин, марихуана, оружје и пари

Во текот на вчерашниот ден полицијата извршила најмалку три претреси во Тетово, гостиварско и дојранско, при што се запленети кокаин, марихуана, оружје и пари.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во периодот од 22:10 до 00:45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Ш.Ш. и З.И., двајцата од село Чегране, гостиварско затоа што кај нив пронашле кокаин, марихуана и пари. При претрес во угостителски објект во село Чегране, извршен со судска наредба, сопственост на Ш.Ш., кај сопственикот и вработениот З.И. биле пронајдени и одземени 53 пакувања со кокаин, марихуана и пари. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава“, информираа од МВР.

Во вториот случај, ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гевгелија, поднесе кривична пријава против Г.Ј. од село Црничани, општина Дојран, поради сомнение дека сторил кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или експлозивни материи.

„Вчера полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија во координација со полициски службеници од полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Дојран, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси на две локации, во домот на пријавениот во село Црничани и на место викано Гатар, атар на село Црничани. При претресите биле пронајдени и одземени 24 тегли со марихуана, четири хартиени омоти со марихуана, две стебла од растението канабис, предмети со остатоци од марихуана, две ловечки и една малокалибарска пушка.
Лицето било лишено од слобода и задржано во Полициската станица Гевгелија, по што бил изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена“, соопшти МВР.
Во третиот случај вчера во 15:10 часот на улица Илинденска во Тетово, полициски службеници уапсиле малолетничка од село Мала Речица, тетовско, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе следува соодветен поднесок.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ