Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност и со умерен североисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Дневните температури ќе се движат од 27 до 34 Целзиусови степени.