вторник, 3 декември 2024

Премиерот очекува патниот правец Прилеп-Битола да биде изграден до 2027 година

Премиерот Христијан Мицкоски и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска беа на увид во работата на патниот правец Прилеп-Битола, што е дел од Коридорот 10д.

Објавено на

часот

Сподели

Како лична импресија, премиерот Мицкоски истакна дека исклучително задоволен што можеме конечно на терен да види дека проектот на терен се реализира, покрај сите оние работи што се преземаат во позадина, како: процесот на деминирање, решавање на имотно-правните односи, експропријација…

„Отворен е простор од 8 километри на целата траса, кој е деминиран комплетно, а просторот е решен и од имотно-правен аспект. Како што кажа и директорот на ЈПДП, во периодот којшто следува и тие преостанати 350 парцели ќе бидат имотно-правно решени. Битно е дека ние сме практично пред динамиката којашто ја имаа градежната компанија за да не го кочиме процесот. Од она што можевме во неформален разговор да слушнеме од одговорните е дека  од прилика до крајот на 2027 година, односно од прилика 3 години, ќе бидат потребни за ова овде да се заврши“, изјави премиерот Мицкоски на увидот на работата на патниот правец Прилеп-Битола.

Мицкоски ја искористи можноста да им се заблагодари на сите учесници во проектот, „коишто помагаат несебично да овој процес еве го доживее ова што денеска ние можеме свечено да го отпочнеме. А тоа е конечно да почнеме на терен да го реализираме она што го плаќаат граѓаните преку буџетот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ