четврток, 16 јануари 2025

Премиерот ги потврди вработувањата во здравството и зголемувањето на пензиите во март

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека започната е процедурата за повеќе од илјада нови вработувања во здравството, остануваат само формалните чекори кои треба да бидат завршени. Тој останува на ставот дека ќе има структурни реформи и дека граѓаните ќе ја добијат здравствената услуга која што им е потребна.

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе продолжиме и понатаму да го поддржуваме здравството. Сега ќе следат и структурни реформи и мислам дека со тек на време граѓаните ќе ја добијат онаа здравствена услуга која што им е потребна, изјави Мицкоски, за време на неговата посета во Радовиш, во одговор на новинарско прашање.

Како што рече, обезбедени се средства и за вработување на специјализанти.

„Да не заборавиме дека ќе имаме повеќе од илјада нови вработувања во здравството, ова е нешто што го ветуваше и министерот за здравство. Процедурата е почната, сега треба само оние формални чекори да бидат завршени. Многу внимание ќе посветиме на здравството“, додаде Мицкоски.

Тој потсети дека постигнале договор со синдикатите на долг рок во следните четири години во врска со платите во здравството.

Како што посочи, доколку буџетот дозволува, просечно паричната маса за исплата на плата за вработените во здравството ќе биде зголемена до 50 проценти.

„Постигнавме историски договор со синдикатите на долг рок во следните четири години, за оние првични десет проценти зголемување на паричната маса за исплата на плати. Во рамките на таа парична маса, кај техничкиот персонал имаме поголемо процентуално зголемување, кај докторите помало, но генерално оние 10 проценти зголемена парична маса се случи во ноември за октомври. Истото ќе се случи и сега во април за март, ќе се зголеми за пет проценти и ќе се зголемува во следните четири години. Доколку буџетот дозволува, просечно таа парична маса за исплата на плата за вработените во здравството ќе биде зголемена до 50 проценти“, рече Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека над 300.000 пензионери повторно ќе добијат линеарно зголемување на пензиите за 2500 денари со мартовската пензија, по покачувањето од 2.500 денари во септември лани, со што ќе се заокружи ветувањето на Владата за повисоки пензии за 5000 денари.

Во одговор на новинарско прашање, Мицкоски повтори дека во новиот буџет е предвидено зголемувањето на пензиите за 2500 денари со мартовската пензија која што ќе биде исплатена на почетокот на април.

„Со тоа се заокружува ветувањето дека во првата година пензиите линеарно ќе бидат зголемени за 5000 денари. За девет месеци тоа ќе го направиме. И мислам дека  пензионерите се задоволни од оваа мерка и дека на некој начин успеваме да им ги олесниме пензионерските денови како Влада и ќе продолжиме во таа насока да работиме и во иднина. Повеќе од 300 илјади пензионери ќе го добијат ова покачување со мартовската пензија“, изјави Мицкоски, по пуштањето во употреба на спортска сала во Радовиш.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ