сабота, 18 јануари 2025

Сообраќајот кај Башино село ќе биде во прекин подолг период, Владата најави изградба на нов мост

АМСМ соопшти дека во целосен прекин е сообраќајот на обиколниот пат Скопје – Велес, во близина на Башино село, кај мостот. Сообраќајот ќе биде во прекин подолг временски период. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека мостот не е безбеден за сообраќај и најави изградба на нов мост.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти АМСМ претходно денеска од 12:20 часот во целосен прекин е сообраќајот на обиколниот пат Скопје – Велес, во близина на Башино село, по кој се пренасочуваат тешки моторни возила.

„Сообраќајот е во прекин поради безбедносни причини“, информираа од АМСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека мостот не е безбеден за сообраќај и најави изградба на нов мост.

„За жал, градоначалникот уште во 2018 година, апелирал до тогашната Влада да се реконструира мостот. И покрај тоа што во 2019 година е сменета категоризацијата од локален во државен ништо не е направено. Станува збор за седум милиони денари, коишто се барани за санација на истиот. Мостот е изграден во 1971 година, како времено решение од страна на тогашната Армија. Тоа се 53 години, ова времено решение полека но, сигурно станувало некако трајно решение и дојдовме до состојба во којашто мора да се преземат вакви чекори“, изјави Мицкоски.

Тој им се извини на велешани и на сите оние граѓани, коишто во следниов период ќе имаат зголемен сообраќај низ Велес и нема да може да се користи овој мост за сообраќај.

„Навистина жалам што ова мора да се случи но, подобро ние да примиме некој политички куршум, отколку да не дај боже да загубиме човечки живот, 53 години за жал ништо, 54 година ништо не се направило“, рече Мицкоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ