Според сведоштвото на наши читатели и фотографиите кои ни ги испратија се чини дека пролетните температури како и денешниот празник на жената се причина за уште еден викенд во Солун, популарна туристичка дестинација за многу Македонци.
Како што велат нашите читатели на граничниот премин Богородица од македонска страна немало поголеми задржувања додека од грчка страна се чекало по околу 45 минути.