„Пратениците ќе бидат на одмор од 15 август до 2 септември, но бидејќи Собранието е во постојано заседание не се исклучува можноста да се свикаат седници на работните тела или пленарна седница доколку се работи за некој итен случај“, велат кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши.
Од почетокот на работата на овој параламентерен состав на 28 мај се одржани десетина седници, а последната беше вчера кога беа донесени измените на Законот за здравствена заштита и се укинаа економските директори.