По вечерашниов последен тренинг пред заминувањето за Ниш, Шундовски одлучи за Србија сепак да патува искусниот пивот Ванчо Димовски, кој, според лекарите во националниот тим, ќе биде подготвен за натпреварите од првата рунда. Од ракометарите што беа на подготовките отпаднаа голманот Митревски, Кукоски и Марковски.
„Сите ракометари се спремни за предизвикот, се надевам на позитивна клима и на добар старт. Јавноста очекува многу, ние уште повеќе“, вели Шундовски.
Состав:
Голмани: Петар Ангелов и Борко Ристовски
Крила: Стевче Алушовски, Владимир Темелков, Златко Мојсоски и Дејан Манасков.
Бекови: Бранко Ангеловски, Ацо Јоноски, Наумче Мојсоски, Велко Маркоски, Филип Миркуловски, Кирил Лазаров, Филип Лазаров и Влатко Митков.
Пивоти: Ванчо Димовски и Стојанче Стоилов.