Реал Мадрид со 0-1 триумфираше на гостувањето во Германија во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони, но лесно можеше да се случи натпреварот да има сосема поинаков тек.
Шешко ја затресе мрежата на „кралевите“ уште во 2. минута, но голот беше поништен поради офсајд на Хенрихс.
Одлуката ја подели јавноста, многумина сметаат дека судиите и ВАР реагирале исправно со оглед на тоа дека Хенрихс има мал контакт со Лунин, и тоа се карактеризира како влијание врз акцијата.
Но има и такви кои сметата дека голот е регуларен, еден од нив е познатиот шпански судија Матеу Лахоз.
„Долу на теренот можете да погрешите, но ВАР е тука да ве исправи. Среќа одлуката е во корист на шпански тим… но лудост е да се поништи гол за ова. Ова нема врска со фудбалот“ – коментира поранешниот судија.
Легендарниот Тјери Анри пак во студиото на СиБиЕс направи своја анализа и порача дека одлуката била исправна, бидејќи Хенрихс имал контакт со голманот на Реал Мадрид.
@HdeHelena_RM pic.twitter.com/C9am5nk97J
— @HdeHelena_RM (@hdecomps3) February 13, 2024