петок, 11 октомври 2024

Познат британски новинар за туризам за летово го препорачува Охрид како „дестинација за сите времиња“

Објавено на

часот

Сподели

Иако цените на авионскиот превоз годинава се зголемија, Калдер вели дека постои дестинација каде цените се вратија во 1990-тите. „Одлука за сите времиња летово ќе биде новата дестинација во Северна Македонија со летот од Манчестер до Охридското Езеро, кое е прекрасно. За 386 фунти по лице. Фантастично е. Јас сум бил таму. Апсолутно е прекрасно, езера, планини. Пријателски луѓе, одлични цени за речиси сè. Одете таму“, вели Калдер.

Тој потсетува дека се работи за едно од најдлабоките и најстарите езера во Европа, на границата со Албанија, а местото е на листата на светските наследства на УНЕСКО.

„Неверојатно убава дестинација за одмор. Туристите можат да талкаат низ стариот град на Охрид и да уживаат во локалните деликатеси по ниски цени во едно од бројните атрактивни кафулиња. Британците би можеле да се релаксираат на лежалка покрај брегот на езерото или да тргнат на водена авантура со даска за веслање или кајак. Во Охрид се наоѓа и историскиот манастир Свети Наум до кој може да се стигне за пололовина час со брод“, препорачива Калдер.

Тој работи како туристички новинар за многу британски медиуми, за разни патнички публикации, како и дописник за патувања за Индипендент (The Independent).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ