Според информациите од дежурните во Територијалната противпожарна единица во Тетово, пожарот бил пријавен во 18 часот и 20 минути. На гаснење на пожарот заминале целата смена, како и сите пожарникари кои дошле во ноќната смена од 19 часот.
„Во моментов го локализиравме пожарот, отсековме еден дел од фабриката, сега гори долниот дел од фабриката, поголемиот дел е изгаснат. Спасувавме со багери и слична механизација. Дојдоа пожарникари од други градови, помагаа и локални фирми со цистерни и механизација. Мислам дека целосно ќе биде ликвидиран за неколку часа. Не можам да ви кажам од што избувнал. Штетата е голема, фабриката е со полн капацитет. Фала му на Бога што нема жртви или загрозени“, изјави Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.
Претходно од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека на помош стигнале и пожарникари од Гостивар, Скопје и Кавадарци.