Станува збор за теренец марка МАН со погон на сите тркала и носивост од 4 тони вода, специјализиран за гаснење на шумски пожари, набавен во Белгија, пишува Гласно.мк. Камионот превезува четворица пожарникари, двајца во внатрешноста на камионот и двајца надвор во посебно одделена кабина.
„По поминати повеќе од пет илјади километри, низ шест држави, стигнавме со противпожарното возило. Сето ова немаше да биде реалност без компанијата Антура и нејзиниот менаџерски тим. Благодарност и до Општина Кочани која ни отстапи едно од службените возила со кое заминавме на пат за Белгија“, истакна Златко Илијев, претседател на ДПД – Кочани.
Во моментот ДПД – Кочани располага со пет возила.
„Комбе, навален камион, камион цистерна, АТВ четирициклот и сега возилото специјализирано за шумски пожари. Друштвото во моментот работи на реализација на неколку проекти, а приоритет е доопремувањето на АТВ возилото со резервоар и пумпа за вода, а ќе треба да се направат ситни прилагодувања и на новиот камион, бидејќи е направен за белгиски стандарди“, додаде Илијев.
Од холандската компанија Антураистакнаа дека возилото е донација по повод успешниот 10-годишен јубилеј.
„Се надеваме дека дадовме придонес за ДПД – Кочани за да можат полесно да се справуваат со елементарните непогоди на кои што и самите сме сведоци во овој период. Им посакуваме да имааат што помалку работа, рече Христина Јорданова од Антура.
Од Доброволното противпожарно друштво – Кочани најавија дека на 14. септември ќе го прослават третиот роденден, при што ќе организираат меѓународен натпревар со противпожарни игри.