„При гаснење на пожар во штала во село Ерџелија, светиниколско, со повреди се здобил 49 годишен пожарникар од Територијалната противпожарна единица Свети Николе. За случајот бил запознаен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе“, се вели во писменото соопштение на СВР-Штип.
Изминатите денови пожарникарите имаат голем број на интервенции на стрништа, сува трева и нискостеблеста шума.
Поголем дел од пожарите се предизвикани намерно со палење на стрништата по жетвата на житните култури