Министерот за цивилна заштита на Грција Василис Кикилијас изјави дека осомничениот, кој има 66 години, на 8 и 9 јуни подметнал „четири опасни пожари“ во областа на селото Вари, јужно од грчката престолнина.
Грчката новинска агенција АНА објави дека тој е професор по социологија на еден голем универзитет во Атина и дека претходно предавал на полициската академија. Тој негира каква било вмешаност во пожарите.
Тој бил наводно снимен со безбедносни камери како подметнува еден од пожарите, пишува АНА.
Оваа година Грција ги заостри казните за одметнување пожари. На извршителите сега им се заканува казна до 20 години затвор и парична казна до 200.000 евра.
Ова лето грчките пожарникари секојдневно се борат со десетици пожари, поттикнати од високите температури и силниот ветер.
По најтоплата зима во историјата, Грција ги има најтоплите јуни и јули од 1960 година, кога почнало систематското собирање метеоролошки податоци.