вторник, 15 октомври 2024

Пожарите во Канада се интензивираа, евакуирани се над 35.000 лица (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Шумските пожари во западната канадска провинција Британска Колумбија се интензивираа вчера, удвојувајќи го бројот на луѓе под наредба за евакуација на 35.000 во однос на претходниот ден, надлежните предупредуваат на тешки денови кои доаѓаат.

Провинцијата прогласи вонредна состојба во петокот за да добие привремени овластувања за справување со ризиците од шумски пожари. Пожарите беснееја без контрола во внатрешноста на Британска Колумбија и делумно затворија делови од клучната транзитна рута меѓу брегот на Тихиот Океан и остатокот од западна Канада и уништија бројни имоти, пренесува Хина.

„Сегашната ситуација е мрачна“, изјави вчера за новинарите премиерот на покраината, Данијел Еби, велејќи дека околу 35.000 лица се под наредба за евакуација, а дополнителни 30.000 се под предупредување за евакуација.

Еби рече дека провинцијата има очајна потреба од засолништа за евакуираните и пожарникарите и нареди забрана за несуштински патувања за да се овозможат повеќе привремени сместувања.

Во текот на изминатите неколку дена, Британска Колумбија беше зафатена од силни ветрови и суви молњи, бидејќи студената воздушна маса е во интеракција со топлиот воздух што се создава во текот на летото. Ова ги интензивираше постоечките шумски пожари и поттикна нови.

„Сè уште сме во критично суви услови и сè уште очекуваме тешки денови“, рече заменик-началникот на противпожарната служба Џаред Шредер.

Канадскиот премиер Џастин Трудо вчера свика состанок на клучните министри и високи функционери на кој се разговарало за шумските пожари.

Групата за одговор на инциденти, која се состана по втор пат оваа недела, се согласи да стави на располагање дополнителни ресурси и за Британска Колумбија и за Северозападните територии.

До петокот, шумскиот пожар во јужниот дел на Британска Колумбија, кој беше надвор од контрола, порасна повеќе од сто пати за 24 часа. Центарот на пожарот бил околу Келоун, град на околу 300 километри источно од Ванкувер, со околу 150.000 жители.

Пожарите се прошириле толку брзо во петокот што бројот на луѓе под наредба за евакуација се зголемил од 4.500 на 15.000 за еден час, додека уште 20.000 лица биле под предупредување за евакуација.

Повеќе од една третина од пожарите моментално се наоѓаат во таа провинција од 1.062 пожари кои се активни во Канада.

Властите предупредуваат дека оваа година провинцијата потенцијално би можела да се соочи со некои од најлошите денови од сезоната на пожари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ