„Пожарот избувна во стан во делот на балконот, во зграда на улицата „Манапо“. Интервенирано е со три противпожарни возила и осум пожарникари и за кратко време истиот е локализиран“, посочи Томески.
Тој потенцираше дека и полицијата била присутна и таа допрва ќе ја утврдува причината за настанување на пожарот.