вторник, 8 октомври 2024

Пожар и детонации во Русија: Воведена е вонредна состојба, наредена евакуација (ВИДЕО)

Во областа Острогожск, во рускиот регион Воронеж, дошло до пожар и детонација на експлозивни направи по напад на беспилотно летало. Во таа област е прогласена вонредна состојба, властите ги евакуираат жителите на едно село, пренесува руската државна новинска агенција РИА Новости.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Гувернерот на регионот Воронеж, Александар Гушев, на Телеграм објави дека жителите на едно село привремено се евакуираат со автобуси во неколку околни населби. Тој истакна дека на жителите им биле издадени прецизни упатства за евакуација.


Службите за итна помош и локалните власти работат на местото на несреќата. Според првите информации нема повредени цивили. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледаат огромни пламени јазици и густ чад, а се слушаат и детонации.

Гушев ги повика локалните жители да се придржуваат до мерките за безбедност, советувајќи ги да не се приближуваат до местата на пожарот и да ги пријават сите сомнителни предмети во службите за итни случаи наместо да ги допираат.

Гувернерот најави дека проценката на штетите ќе биде можна дури откако ќе престанат детонациите и ќе се изгасне пожарот. Русите тврдат дека пожарот избувнал откако собореното украинско беспилотно летало паднало на експлозивни направи и предизвикало дополнителни детонации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ