„Локацијата е истата каде што неодамна имаше голем пожар, над селото Татар Елевци, кој поради ветрот се движи кон селото Горно Рајчица и Горно Косоврасти. Пожарот до сега зафати над 20 хектари нискостеблеста шума и сува трева“, рече за МИА Фемија Ајроски, раководител на Регионалниот ЦУК-Дебар.
Тој додаде дека во гаснењето учествуваат дебарските пожарникари, вработени од подружницата Стогово на ЈП Национални шуми, како и месно население.
„Со максимално залагање опасноста по куќите во селото Татар Елевци е избегната. Се прават напори пожарот да се стави под контрола“, посочи Ајроски.
Минатиот пожар зафати над 30 хектари нискостеблеста шума и трева, а по три дена од избувнувањето, на 8 август, во гаснењето се вклученија и два ер трактори, кои со вода се снабдува од Дебарско Езеро.