петок, 21 март 2025

Повторно пожар на Мауцкер, со вода тешко се гаси, депонијата кај Охрид треба да се затрупа

Екипи на Територијалната противпожарна служба од Охрид ноќеска повторно биле на терен и гаселе пожар на депонијата Мауцкер, што се наоѓа на влезот во градот.

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот сѐ уште не е целосно изгаснат, а над депонијата уште се забележува густ чад.

Слична интервенција пожарникарите од Охрид имаа и пред десетина дена, кога исто така гореше отпад на депонијата.

Како што посочуваат од ТТПЕ Охрид, причина за избувнувањето на пожарот е човечки фактор, а гаснењето тешко се одвива затоа што се работи за опожарен материјал што мошне тешко се гаси со вода, односно потребна е интервенција со механизација за затрупување на опожарените делови од ѓубрето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ