Oд сојузот исто така алармираат дека се појави недостиг на терапија ozeмpik i rybelsus, а дека на тоа прашање од Министерството за здравство добиле одговор за кој сметаат дека не е реале.
„Продолживме со консултација со компаниите, нашите информации говорат дека има терапија, за сите постојни пациенти до потпишувањето на договоорот за набвака и планираните дополнителни количини, но за жал не сите и секој ја добиваме континуирано и навремено. Затоа ќе споделиме дополнителен став за состојбата со овие терапии“, велат од СЗДМ.
СЗДМ е на ставв дека моменталната состојба само ги потврдува нивните долгогодишни барања за промени во моделот на достапност на терпија и помагала со отворен пазар и воведување на референтни цени.
„Ние сакаме сериозно да го подигнеме квалитетот на животот на лицата со дијабетес, со конкретни мерки и активности од државата. Затоа апелираме на сериозност на Министерството за здравство и транспаретно да се делува и навремено да имаме информации во тековниот период.
Почитувани соборци, кои сте подложни на промени, исклучиво да се консултирате со специјалистот и со нов извештај и со ваш избор да се направви промена со можните замени“, порачува сојузот.