вторник, 15 октомври 2024

Потврда од УЕФА: Струга ТЛ во Охрид ќе биде домаќин на Брејдаблик

Објавено на

часот

Сподели

Првичните информации беа дека Струга мечот ќе го игра во Елбасан, Албанија бидејќи во моментов Националната Арена „Тодор Проески“ не е во функција, а другите стадиони не ги исполнуваат условите за ваков меч.

Сепак, од ФФМ информираат дека стигнала потврда од УЕФА дека Струга може да биде домаќин на стадионот во Охрид. А тоа значи и одложување на мечот од Втора лига меѓу Охрид Лихнидос и Караорман кој требаше да се игра во меѓувреме.

„До Фудбалската Федерација на Македонија пред малку стигна потврда од УЕФА, дека стадиони “Билјанини Извори” во Охрид ке биде домаќин на плеј оф натпреварот Струга Трим Лум против БрејдаБлик од Исланд за пласман во групна фаза од Лигата на Конференци.

Поради ова одлука, натпреварувачката комисија на ФФМ е принудена да го презакаже дуелот од 2-та коло на 2МФЛ мегу Охрид Лихнидос и Караорман за 30-ти август. Одлуката е донесена со цел да се создадат сите неопходни услови на стадионот за организацијата на натпревар од УЕФА натпреварување, а тука првенствоно се мисли на заштида на тревникот на Билјанини Извори.

Се недаваме дека доцната принудна промена на вистински начин ке ја разберат двете екипи од Втора Лига, кој својот натпревар требаше да го одиграат утре и ке бидат подршка за македонскиот првак Струга Трим Љум во намерата да обезбеди историски пласман во УЕФА групно натпреварување“, стои во соопштението на ФФМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ